Во пресрет на пролетниот дел од првенството, нашиот прв тим се засили со 23 годишниот Фодеј Травали – фудбалер кој игра во средниот ред.
Станува збор за поранешен младински репрезентативец на Гамбија а последниве пет години е дел од европската фудбалска сцена.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Во Струмица допатува како слободен играч откако во есенскиот дел месец дена неше во Четникаја во Кипар.
Травали претходно играше во Бејкож Анадолу во Турција. Две сезони беше во Паиде и Калев во Естонија а своето европскоо деби го имаше во младинскиот состав на Велје од Данска.