Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти тврди дека францускиот фудбалер Орелијан Чуамени завршува одлична работа на местото стопер и дека критиките кои ги добива се целосно неосновани.
Чуамени е жртвуван во Реал Мадрид на местото стопер. Францускиот играч за врска е принуден да ја игра оваа позиција поради бројните повреди кои ги снајдоа „Кралевите“.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Меѓутоа, тој доби огромни критики за своите настапи. Меѓу нив е и таа од Предраг Мијатовиќ.
„Морате да кажете каква е состојбата. Чуамени не ми е уверлив ни како стопер, ни како играч за врска.“
„Тоа е играч кој стигна со одредени очекувања и кој играше многу добро во Франција, но Реал му стана малку преголем.“
„Еден ден е играч за врска, а другиот стопер. Го немаме ни на една од тие позиции“, зборовите се на Мијатовиќ.
Карло Анчелоти не го дели неговото мислење. Тој тврди дека Французинот одлично си ја завршува работата..
„Чуамени? Јас сум уверен дека завршува добро работа како стопер. Статистиката така кажува иако тоа не е неговата позиција. Кога Алаба ќе биде подготвен, Чуамени ќе се врати на својата позиција“, рече Анчелоти.