Дома Фудбал Mитровиќ може да заигра во Серија А и тоа – во ист клуб со Модриќ!

Mитровиќ може да заигра во Серија А и тоа – во ист клуб со Модриќ!

Како претходно се пишуваше, Лука Модриќ е предмет на интерес кај Милан, но не е единствениот, бидејќи Александaр Митровиќ, исто така, е желба на новиот спортски директор Игли Таре!

Оваа вест ја пренесоа неколку угледни извори, меѓу кои и францускиот Екип, кој наведува дека Милан, исто како и бројни екипи од Премиер лигата, покажува интерес за српскиот напаѓач.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Не е тајна дека Виктор Осимен е главната мета на Ал Хилал и дека клубот од Саудиска Арабија прави сè за да го убеди Нигериецот, отворајќи му на тој начин пат на Митровиќ, кој влегува во последната година од својот договор.

Јасно е дека Лука Јовиќ ќе го напушти Милан, и покрај тоа што во завршницата на сезоната беше во одлична форма, додека Тејми Абрахам се враќа во Рома, што значи дека Масимилијано Алегри ќе треба да го засили нападот.

Митровиќ во Ал Хилал одигра две извонредни сезони, постигнувајќи 68 голови и запишувајќи 15 асистенции на 79 натпревари. Неговата вредност на европскиот пазар не е намалена.

Што се однесува до Модриќ, Хрватот сака да продолжи да игра на највисоко ниво, затоа и неколкупати го одби преселба во Саудиска Арабија.

Точно е дека тимот нема да игра во Европа следната сезона, но пред себе има задача да се врати во Лигата на шампионите и во врвот на италијанскиот фудбал.

Фото: Al Hilal/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо со кратка порака ги „запали“ Португалци по победата над Германија

Португалија ја победи Германија со 2:1 во првото полуфинале на Лига нации, а човекот на од…