
Најдобриот стрелец во историјата на српската фудбалска репрезентација Александар Митровиќ е на прагот да го напушти саудискиот Ал Хилал.
Со доаѓањето на Уругваецот Дарвин Нуњез, тренерот Симоне Инзаги веќе не го вклучува Митровиќ во своите планови и најдобро би било српскиот напаѓач да замине од тимот. Проблем претставува само неговиот договор, според кој клубот треба да му исплати уште 25 милиони евра.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Како што пишува катарскиот лист Ал Кас, раководството на саудискиот клуб е подготвено да му ја исплати целата сума на Митровиќ доколку тој го напушти тимот ова лето.
Српскиот 30-годишен напаѓач дојде во Саудиска Арабија пред две години од Фулам, со трансфер вреден 52 милиони евра според Трансфермаркт. Тогаш потпиша договор на три години, со годишна плата од 25 милиони евра, додека имаше уште една сезона да одигра. Настапуваше одлично и често постигнуваше голови. Во 79 настапи има постигнато 68 голови и 15 асистенции за саудискиот клуб. Со Ал Хилал беше шампион на Саудиска Арабија.
Митровиќ ја изгради својата репутација во Англија, играјќи за Њукасл и Фулам, каде што покажа извонредни резултати. Триесетгодишниот напаѓач со 62 гола е најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Србија. Митровиќ нема да има проблем да најде нов клуб, бидејќи за неговите услуги е заинтересиран Лидс, кој оваа сезона повторно игра во Премиер Лигата.