
Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа ја победија Борусија Дортмунд (3:2) и се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство. Но, не сите во кралскиот клуб беа расположени за славје бидејќи Хаби Алонсо на големата ѕвезда му стави до знаење дека може да бара нов клуб.
Меѓутоа, покрај драмата во судиското надополнување, уште еден детал беше посебно интересен.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Станува збор за петата измена што ја направи Чаби Алонсо во 86-тата минута, бидејќи многумина сметаат дека на тој начин му даде до знаење на Родриго дека тој е главниот во тимот и ако ќе се буни поради минутажата, тогаш може да бара нов клуб.
Веќе со денови се шушка дека Алонсо и Родриго имале расправија затоа што Бразилецот е незадоволен од статусот во тимот, и се наведува дека не е невозможно да го напушти Реал Мадрид ова лето.
Но, тоа шпанскиот тренер не го потресе премногу и одлучи синоќа да покаже на Родриго дека тој е шефот во тимот.
Алонсо веќе кон крајот на првото полувреме го испрати Родриго на загревање, а тој беше таму речиси целото второ полувреме.
Дури откако направи четири измени и кога се очекуваше дека Родриго воопшто нема да влезе на терен, Алонсо го испрати повторно да се кратко загрее и го внесе на терен дури во 86-тата минута од натпреварот.
Минутки за Родриго 🔁
— DAZN España (@DAZN_ES) July 5, 2025
Влезе за сензацијата на турнирот во Реал Мадрид, Гонзало #FIFACWC@FIFACWC | Сите натпревари бесплатни на https://t.co/OFe1FpBGjK #TakeItToTheWorld
🔗 https://t.co/SAzl1Q3bcE pic.twitter.com/wWwT6Tr53z
Фото: Принтскрин