
Ливерпул продолжува да работи на неколку трансфери истовремено. Според информациите на Фабрицио Романо, тимот од Мерсисид е многу зафатен со обидот да го донесе играчот на Бајер (Леверкузен), Флориан Виртц, но истовремено продолжуваат разговорите и со Борнмут за Милош Керкез.
Левият бек веќе кажал „да“ на Ливерпул и нема никакви проблеми со личните услови, останува само Мерсисидскиот тим да ја договори цената. Се чини дека трансферот е сѐ поблиску до финализирање.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Вчера Џереми Фримпонг пристигна во Ливерпул за да го финализира својот трансфер на „Енфилд“. Очекуваме секој момент „црвените“ да ја објават официјално договорената зделка.
Порано денес, Флоран Пелетенберг откри дека Ливерпул води разговори и за евентуален трансфер на трет играч од Бундеслигата. Станува збор за напаѓачот на Ајнтрахт (Франкфурт), Џуго Екитике.