Дома Фудбал Милевски: Не ни беше важна разликата, важни беа само трите бода

Милевски: Не ни беше важна разликата, важни беа само трите бода

Репрезентацијата на Македонија денеска славеше победа над Лихтенштајн во првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство, а по натпреварот задоволство истакна селектоорт Благоја Милевски.

Милевски посебно им честиташе на фудбалерите за карактерот кој го покажале во околностите во кои се играше натпреварот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Им честитам на фудбалерите, игравме во тешки околности, а тие собраа сили и покажаа карактер. На најдобар начин го изнесоа натпреварот. Очекувавме компактен и организиран Лихтенштајн. Добро ги анализиравме нивните претходни натпревари и бевме максимално подготвени тактички и физичка. Исто така фасцинирам сум од поддршката и голема благодарност до луѓето кои дојдоа од цела Европа.

Не ни беше важна разликата, важни беа трите бода. Имавме други оптертетувања. Задоволен сум и од дисциплината која ја видов“, изјави Милевски.

За Македонија денешниот триумф беше шести во низа. Во следниот натпревар против Велс за три дена ќе играме на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најплатениот фудбалер во Премиер лигата заработува 2,5 милиони евра месечно!

Поради почетокот на новата сезона, англиските медиуми објавија листа на Топ 10 најплатени …