Дома Фудбал Милан подготвува понуда за Хојлунд

Милан подготвува понуда за Хојлунд

Раководството на Манчестер Јунајтед го известило напаѓачот Расмус Хојлунд дека треба да го напушти тимот ако сака да добие минутажа во сезоната 2025/2026, јавува новинарот Бен Џејкобс.

“Црвените ѓаволи” би сакале да го продадат 22-годишниот фудбалер, но не ја исклучуваат можноста да го дадат под наем.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Милан е подготвен да го земе Данецот под наем за 6 милиони евра со опција за откуп за 45 милиони евра. Самиот фудбалер сепак не сака да го напушти Манчестер Јунајтед. Хојлунд настапува за англискиот тим од летото 2023 година.

Двата клуба се блиску до договор и се очекува наскоро Хојлунд да ја прифати понудата на „росонерите“ и да се врати во Серија А, каде ја доживеа својата афирмација во дресот на Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса со пресврт го победи Овиедо

Во натпревар од 6. коло на шпанската Ла Лига, Реал Овиедо ја пречека Барселона, која тешко…