Дома Фудбал Mилан на местото на Рејндерс носи фудбалер со потекло од Македонија?

Mилан на местото на Рејндерс носи фудбалер со потекло од Македонија?

Италијанскиот гигант Милан е решен по секоја цена да го засили својот тим со квалитетен играч среде теренот кој ќе биде достојна замена за Тиџани Рајндерс. Според последните информации од Апенините, изборот паднал на младиот швајцарски фудбалер Ардон Јашари кој има потекло од Македонија, кој имаше блескава сезона во Клуб Брюж.

Заминувањето на новиот член на Манчестер Сити остави празнина во средината од теренот на “росонерите”, а лицитацијата за неговата замена трае кој цел месец.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во последно време беа споменувани и имињата на Гранит Џака и Хави Гвера, но понудите од “Сан Сиро” не ги исполнија очекувањата на нивните клубови.

Заминувањето на Тео Ернандез во Ал Хилал ќе го дополни буџетот на Милан, при што дел од парите ќе бидат наменети за ангажман на нов играч средниот ред.

Според последните објави, Јашари би можел да биде вистинското решение за долгорочно обнова за седумкратниот шампион на Европа, особено откако неговата кариера оди во нагорна линија.

Како што пренесува новинарот Саша Таволиери, Милан за Јашари понуди 27 милиони евра фиксно и плус три милиони како бонус, а официјалната понуда денеска стигна на адресата на Клуб Брюж.

Јашари има и македонско државјанство, а наводно во овој моемнт тој сегаа е приоритет на “росонерите” кои веруваат дека може да биде нивни носител на играта во средниот ред.

Иако изгледа дека работите се движат во позитивна насока, сè уште се чека договор меѓу вицешампионот на Белгија и тимот што играше во осминафиналето на Лига на шампиони.

Фото ClubBrugge/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дарвин Нуњез го избра Наполи

Напаѓачот на Ливерпул Дарвин Нуњез е посакуван од Наполи, кој сака да го зајакне својот со…