
Иако Милан е на пат да го привлече Виктор Бонифаес од Баер Леверкузен, клубот би можел да се обиде да потпише со уште еден напаѓач, тврдат италијанските медиуми.
Како што е познато, во последните денови „росонерите“ беа поврзани со Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед, кој сепак нема да ги прифати нивните услови.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сега од Милан се насочиле кон друг дански напаѓач, а тоа е Конрад Хардер од Спортинг Лисабон. Се смета дека португалскиот шампион е подготвен да се раздели со својот играч за 25 милиони евра.
Дваесетгодишниот талент, кој може да игра и на двете крила, се приклучи на „лавовите“ минатото лето, кога тие платија на Норшеланд 19 милиони евра за него. Младинскиот репрезентативец на Данска е со статус на резерва во Спортинг, за кој одиграл 50 натпревари со 11 голови и 7 асистенции.