Дома Фудбал Милан може да добие засилување од Манчестер Јунајтед

Милан може да добие засилување од Манчестер Јунајтед

Според извештаите на Sky Sport Italia, ФК Милан е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд.

Росонерите бараат нов играч за нападот, а 22-годишниот Хојлунд го привлекол вниманието на италијанскиот тим. Во тој контекст, тие ги анализираат можностите за договор со Црвените ѓаволи, за да утврдат дали трансферот е финансиски остварлив.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, Хојлунд претходно изјавил дека има намера да остане и да се бори за своето место на Олд Трафорд. Неговиот договор со Јунајтед е до 2028 година и вклучува опција за продолжување за уште една сезона.

Овој дански фудбалер дојде од Аталанта летото 2023 година, во трансфер вреден 72 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот Сампаоли има нов клуб – ќе има плати од три милиони евра!

Познатиот аргентински тренер Хорхе Сампаоли го презеде бразилскиот Атлетико Минеиро. Тимот…