Дома Фудбал Милан ќе ја зголеми својата понуда до Јанг Бојс за десниот бек

Милан ќе ја зголеми својата понуда до Јанг Бојс за десниот бек

Од Милан се подготвени да ја подобрат својата понуда до Јанг Бојс за десниот бек Закари Атекаме, известуваат Фабрицио Романо и Матео Морето.

Првичната понуда на “росонерите” од 7 милиони евра беше отфрлена од швајцарскиот клуб, кој инсистира да добие околу 10 милиони за 20-годишниот талент.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Затоа од Милан имаат намерение да ги зголемат понудените пари за 1-2 милиони евра. Од таму се надеваат дека ќе ја завршат зделката до средината на оваа недела, откако веќе го имаат согласноста на самиот играч.

Атекаме, кој е младински репрезентативец на Швајцарија, има вкупно 44 натпревари за Јанг Бојс, каде што постигнал 1 гол и направил 3 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри: Треба да бидеме реални. Целта на Милан е пласман во Лигата на шампионите, а не титулата

ЛАЦИО во 29-тото коло од Серија А го совлада Милан со 1:0. Овој неуспех значајно ги намали…