Дома Фудбал Милан ја објави последната очекувана разделба, двајца играчи се враќаат во клубот

Милан ја објави последната очекувана разделба, двајца играчи се враќаат во клубот

Милан ја објави разделбата со десниот бек Алесандро Флоренци, кој си заминува како слободен играч по истекот на неговиот договор.

Така, клубот се поздрави со сите играчи од кои се очекуваше да заминат, откако во претходните два дена „росонерите“ потврдија за разделбата со позајмените Жоао Феликс, Рикардо Сотил, Кајл Вокер, Тами Ејбрахам и Лука Јовиќ, чии договори не беа обновени.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


34-годишниот Флоренци помина четири сезони во Милан, а во првата сезона играше како позајмен од Рома, по што беше купен за околу 3 милиони евра.

Поранешниот италијански репрезентативец беше дел од шампионската екипа на миланскиот гигант во сезоната 2021/22, при што во целиот свој период на „Џузепе Меаца“, во кој често беше мачен од повреди, забележа вкупно 77 натпревари со 3 голови и 7 асистенции.

Меѓувремено, беше потврдено дека во Милан се враќаат двајца играчи од средниот ред, кои го поминаа сезоната на позајмица во други клубови, но нивните опции за купување не беа активирани. Едниот е Јасин Адли, кој забележа 35 натпревари со 5 голови и 7 асистенции за Фиорентина, а другиот е Томазо Побега, кој одигра 30 средби со 4 погодоци и 3 асистенции за Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар го продолжи договорот со Сантос до Светското првенство 2026

Изгледа дека Нејмар стави крај на шпекулациите за премин во Интер Мајами или враќање во Ев…