
Милан треба во наредниот месец конечно да избере нов спортски директор, кој ќе мора веднаш да „засука ракави“ и да започне со подготовка за летниот трансфер период.
Поранешниот оперативец на Јувентус и Тотенхем, Фабио Паратичи, е прв фаворит за таа позиција според пишувањето на „Газета дело Спорт“, но овој угледен лист истакнува дека има уште пет „силни“ имиња во игра.
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Албанецот Игли Таре, кој работеше како спортски директор во Лацио, исто така е сериозен кандидат, а тука е и спортскиот директор на Аталанта, Тони Д’Амико.
Во приказната според „Газета“ е и Тијаго Скуро, моментално генерален директор на Монако, кој доаѓа од Бразил и се смета за аутсајдер во оваа трка.
Забележителните потези на спортскиот сектор на Ајнтрахт Франкфурт, предводени од Маркус Креше, исто така привлекле внимание, особено трансферот на Омар Мармуш во Манчестер Сити за 75 милиони евра, само 18 месеци откако клубот го довел како слободен играч.
Најголемо изненадување меѓу кандидатите е Ким Фалкенберг, кој има само 36 години, а од фудбалските копачки брзо се пренасочи во канцелариите на Бајер Леверкузен. Неодамна беше унапреден во спортски директор, откако претходно беше главен скаут на клубот.