Дома Фудбал Милан го сака дефанзивецот на Баерн

Милан го сака дефанзивецот на Баерн

Јужнокорејскиот дефанзивец на Баерн (Минхен), Ким Мин-Жае, може повторно да се најде во редовите на Серија А. Според „Газета дело Спорт“, за него интерес покажува Милан.

Ким беше дел од шампионскиот тим на Наполи, а потоа беше привлечен од Баерн во 2023 година. По две цели сезони кај баварците, кореецот не беше убедлив и германските шампиони се подготвени да се разделат со него.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според информациите, Милан ќе треба да плати најмалку 30 милиони евра за Ким, а од Баерн не сакаат да го пуштат на заем и бараат веднаш траен трансфер. Друг проблем за евентуален трансфер би била високата плата на дефанзивецот, кој заработува околу 8-9 милиони евра месечно.

Самиот Ким играше голем дел од сезоната со проблеми во ахиловата тетива, кои според последните информации не се оправени, поради што кореецот е под голем знак на прашање за претстојното светско клупско првенство. Ако дојде до продажба на Ким, Баерн сигурно ќе бара нов централен дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез директно му помогна на Лапорта да биде таму каде што е денес, но потоа доби нож во грб!

Неверојатна приказна за доаѓањето на Жоан Лапорта на чело на Барселона открива позадина ка…