
Од Милан успеале да постигнат целосен договор со Торино за доведување на играчот од средниот ред Самуеле Ричи, соопшти Фабрицио Романо.
Сумата за трансферот изнесува 23+2 милиони евра, а медицинските прегледи на играчот ќе се одржат на почетокот на следната недела. Така, Ричи ќе стане првото ново засилување на Милан ова лето.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Како што е познато, клубот уште на почетокот на месецот договорил со слободниот агент Лука Модрич, кој сепак ќе го заврши својот трансфер дури по крајот на Светското клупско првенство, на кое учествува со Реал Мадрид. Од друга страна, се очекува договорот на италијанскиот репрезентативец да биде до летото 2030 година со плата од 2,5 милиони евра по сезона.
23-годишниот Ричи пристигна во Торино во 2022 година со трансфер од неговиот роден клуб Емполи во вредност од 8,5 милиони евра. Од тогаш наваму, дефанзивниот играч од средината одигра вкупно 113 натпревари со 4 гола и 7 асистенции за „биковите“, а со националниот дрес досега има 10 натпревари.