Лионел Меси и оваа година е еден од фаворитите за освојување на „Златната топка“, а за медиумите Аргентинецот откри за кого тој ќе гласа.
Во петокот „Франс Фудбал“ ја објави листата од 30. Кандидати за „Златната топка“. Меси во интервјуто за „Л’Eкип“ ги издвои фудбалерите за кои би можел да гласа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На листата имам двајца соиграчи за кои можам да гласам, Нејмар и Килијан. Потоа тука се Левандовски и Бензема кои имаа фантастична сезона. Тешко е да се прогнозира затоа што тимскиот успех значи многу за освојувањето на „Златната топка““, изјави фудбалерот на ПСЖ.
Победникот и освојувачот на „Златната топка“ ќе биде објавен на 29 ноември.