Дома Моторспорт Мeрцедес го откри датумот кога ќе го претстави новиот болид – за првпат по 13 години без Хамилтон

Мeрцедес го откри датумот кога ќе го претстави новиот болид – за првпат по 13 години без Хамилтон

Мерцедес стана трет тим кој го најави датумот за претставување на својот болид за сезоната 2025 во Формула 1. Новиот болид, W16, ќе биде првиот од 2012 година кој нема да го вози Луис Хамилтон.

Tимот од Бракли ќе го открие својот W16 на 24 февруари, што е само два дена пред почетокот на тестирањата во Бахреин.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


W16 ќе биде првиот болид на Мерцедес од 2012 година кој нема да го вози Луис Хамилтон.

Tимот се подготвува за сезона со нова возачка двојка: Џорџ Расел и дебитантот Андреа Кими Антонели.

Според информациите од сајтот Motorsport.com, Мерцедес нема да го одржи својот традиционален настан за претставување на болидот на Силверстоун.

Наместо тоа, тимот ќе ја открие својата нова машина на 24 февруари, а ден потоа ќе изврши тестирање на патеката во Бахреин.

Предсезонските тестирања започнуваат на 26 февруари и ќе траат до 28 февруари, додека првата трка на сезоната ќе биде на Големата награда на Австралија од 14 до 16 март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ботас му забива нож во грб на Хамилтон и оди да му помогне на лутиот ривал?

Валтери Ботас не се откажува од враќањето на Ф1 мрежата, а сега отворено се понудил на Ред…