Дома Фудбал Мегваер потпиша нов договор со Јунајтед – му бил потребен на Аморим!

Мегваер потпиша нов договор со Јунајтед – му бил потребен на Аморим!

Англискиот дефанзивец Хари Мегваер (31) го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до јуни 2026 година, објавија „Црвените Ѓаволи“. Мегваер му се придружи на клубот од Лестер Сити во 2019 година, а имаше договор до ова лето, но сега ќе трае до јуни 2026.

Досега во дресот на Манчестер Јунајтед има одиграно 222 натпревари, постигнал 12 голови и освоил два трофеи, Лига купот во 2023 и ФА купот следната сезона.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Разговарав со него утринава и му реков дека мора да напредува на теренот, многу ни е потребен. Исто така, треба да се подобри како лидер. Сите знаеме во каква ситуација беше овде, но многу ни е потребен во овој момент”, изјави менаџерот на Јунајтед Рубен Аморин.

Португалскиот стручњак додаде дека крилниот играч Амад Диало е блиску до потпишување на нов договор со клубот. Манчестер Јунајтед моментално се наоѓа на скромното 14. место со 22 бода, седум повеќе од зоната за испаѓање, а во недела ги очекува гостување кај лидерот Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок спектакуларно враќање на играч во Барселона

Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.…