Дома Фудбал Мега-трансфер во најава: Роналдо се сели во шампионски тим?

Мега-трансфер во најава: Роналдо се сели во шампионски тим?

Португалецот Кристијано Роналдо би можел да стане дел од сензационален трансфер во Саудиска Арабија, бидејќи се шпекулира дека ќе стане фудбалер на Ал Хилал.

Како што пренесуваат светските медиуми, Роналдо е во дилема каде да ја продолжи кариерата, бидејќи договорот со Ал Наср му истекува на 30 јуни оваа година.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Се додава дека нема намера да ја напушти Саудиска Арабија, но не е сигурно дека ќе ја продолжи соработката со Ал Наср, бидејќи наводно има подобра понуда од актуелниот шампион на таа лига.

Во Саудиска Арабија кружат гласини дека Ал Хилал го сака Роналдо во своите редови, особено ако Бразилецот Нејмар не го продолжи договорот.

Португалецот би можел да стане соиграч на српските репрезентативци Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед започна со подготовки со две нови засилувања

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се појавија на клупската база за да започнат со летни по…