
Новак Ѓоковиќ има стекнато статус како најдобриот тенисер на сите времиња, но како што оваа година ќе наполни 38 години, се појасни се најавите дека Србинoт може да ја заврши својата кариера.
Тој често зборуваше за своите планови во иднина, а Данил Медведев им откри на руските новинари во Шпанија интересна вест дека Новак по завршувањето на кариерата може да работи со Александар Зверев како негов тренер.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
„Слушнав во Австралија дека Саша Зверев рекол дека му е Новак вети дека ќе работи со него една година кога ќе ја заврши кариерата. Не верувам дека Новак веднаш ќе биде тренер, пореално е да дава совети и да го споделува своето искуство со пријателите кои му се најблиски. Значи, ако постои таква можност, и јас би бил среќен да бидам во таква ситуација. Секако, тоа нема да се случи додека Ѓоковиќ игра, зашто тоа би го ставило во незгодна позиција. Би било непријатно за него, но тој сигурно не би ги споделувал своите тајни. Така што тоа ќе се случи кога ќе ја заврши кариерата“, смета рускиот тенисер.
Фото: Принтскрин