Дома Моторспорт Медицинска сестра го уценувала Михаел Шумахер – барала 15 милиони евра од семејството!

Медицинска сестра го уценувала Михаел Шумахер – барала 15 милиони евра од семејството!

Поранешна медицинска сестра на славниот возач е обвинета дека се обидела да го уценува семејството на Шумахер со негови приватни фотографии направени за време на неговото лекување.

Медицинската сестра, чие име не е јавно откриено, наводно била дел од заговор за изнудување на 15 милиони евра заканувајќи се дека ќе ги објави сликите на легендата на интернет.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Да потсетиме, во Вупертал се одржува судење на тројца обвинети, вклучувајќи и еден член од обезбедувањето. Наводно, тие се обиделе да го уценат семејството со фотографии на Михаел од креветот и во инвалидска количка.

Станува збор за поседување дури 900 фотографии и 583 видео-снимки на кои се наоѓа Шумахер. Се чека одлука на судот за овој случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Мекларен го претстави специјалниот болид со кој Норис и Пјастри ќе атакуваат на титулата во Абу Даби (Видео)

Мекларен го откри новиот изглед на болидот, специјално за одлучувачката трка за титулата к…