Последниот натпревар на Интер Мајами во МЛС лигата го одбележаа Лионел Меси и Луис Суарез.
Суарез и Меси постигнаа по два гола со тоа што Уругваецот додаде и и две асистенции. Меѓутоа Меси во овој натпревар испиша и историја во клупскиот фудбал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Аргентинецот стана фудбалерот кој најбрзо стигнал до 500 голови во лигашкиот фудбал, потребни му беа само 587 официјални натпревари. Досега рекордер беше Кристијано Роналдо кој до 500 гола за клубовите во кои играше дојде за 654 натпревари.
Од досегашните 500 гола Меси 474 постигна за Барселона, 22 реализираше за ПСЖ и четири за Интер Мајами.