Дома Фудбал Репрезентации Meси за периодот во ПСЖ: Само јас не добив специјално признание

Meси за периодот во ПСЖ: Само јас не добив специјално признание

Летово, Лионел Меси ја напушти Европа и ја игра својата прва сезона во дресот на Интер Мајами, а на последното интервју зборуваше за периодот кога го носеше дресот на ПСЖ.

Сега во разговор со аргентинскиот комичар, Миге Гранадос, Меси откри дека само тој од аргентинските фудбалери во ПСЖ не добил признание за светската титула.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Јас бев единствениот член на аргентинската репрезентација кој не доби специјално признание од својот клуб по освоената титула на СП во Катар. Немав најдобар период во ПСЖ, но станав светски шампион, па така секое лошо за добро.

Знам зошто фановите на ПСЖ ме исвиркуваа, бев дел од репрезентацијата која ги остави без мундијалски трофеј, тие по наша вина не станаа светски шампиони“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Тудор на тенок лед, босански тренер кандидат за спас на Јувентус

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ моментално е во студени односи со тренерот Игор Тудор, но …