Aргентина во вчерашниот пријателски натпревар во Њу Џерси ја совлада Јамајка со 3:0, а два гола беа дело на Лионел Меси кој го одигра последниот половина час од натпреварот.
Голот во 89. минута од натпреварот Меси го постигна од слободен удар и тоа беше негов 59. вкупно на таков начин во кариерата. Со ова Меси го престигна неговиот дологогодишен ривал, Кристијано Роналдо кој на клупски и репрезентативен план од слободен удар постигнал 58 гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалецот на почетоците од нивното ривалство беше далеку подобар изведувач на слободни удари, но во последните години неговиот квалитет на изведувањето прекини е во пад, додека спротивна е ситуацијата кај Меси.
На врвот на оваа листа е легендарниот Жунињо кој постигнал 77 голови од слободни удари, а пред Меси и Роанлдо се уште Дејвид Бекам, Диего Марадона, Роналдињо, Пеле и Роналд Куман.