Meнаџерот на Челзи, Маурицио Сари одржа прес конференција пред утрешното финале во Лигата на Европа против Арсенал.
Челзи во овој момент е во Баку и се спрема за големото финале, а Сари има прилика на одличен начин да ја заврши епизодата во Челзи бидејќи на големо се поврзува со Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако, на прес конференцијата не можеше да го избегне прашањето за преселба во Торино.
„Сега сакам да размислувам само за финалето. Имам договор со Челзи на уште две години. Пред се ќе разговарам со Челзи. Ова не е вистински момент да зборуваме за тоа, ние утре играме финале во кое сакаме да победиме“.
„Добро го знаете моето мислење. Тоа е исто како и на последната прес конференција. Моите мисли сега се во финалето. Имавме одлична сезона. Успеавме да се избориме за финалето во Лигата на шампионите, игравме финале во Карабао Купот против силниот Манчестер Сити и испадневмена пенали, а сега играме финале во ЛЕ“, изјави Сари.
Меѓутоа на прашањето дали ова ќе биде најважниот натпревар во неговата кариера, Сари се врати во времето поминато во Емполи.
„Овој натпревар за медиумите веројатно е најважен во мојата кариера, но за мене не е така. Не знам. За мене најважен беше натпреварот со Емполи во Серија Б. Прашајте ме утре повторно“, порача Сари.