Дома Топ вести Meси го помина Чави и постави нов рекорд во шпанскиот фудбал

Meси го помина Чави и постави нов рекорд во шпанскиот фудбал

Аргентинецот продолжува да ги поместува границите во шпанскиот фудбал.

Лионел Меси стана играчот со најмногу победи во шпанската Ла Лига. Тој стигна до 323 победи со што го надмина Чави кој во својот престој во Барселона забележа 322 победи во Ла Лига. Меси во последната победа против Леванте постигна три гола и два пати асистираше во триумфот на Барселона од 5:0.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Оваа сезона Меси одново игра чудесно и до овој момент во шпанското првенство постигна 14 голови и запиша 10 асистенции, а неговиот успех е поголем ако се земе предвид дека претходно оваа сезона беше повреден и поради тоа пропушти дури три недели.

Ќе потсетиме, Меси во трката за „Златната топка“ која ја доделува „Франс Фудбал“ беше на петтата пзоиција, а наградата заврши во рацете на Лука Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Готово: Зидан дочека, познато каде и кога ќе биде неговиот нов ангажман!

Зинедин Зидан ќе го преземе кормилото на националниот тим на Франција по Светското првенст…