Дома Фудбал Мбапе доби еден куп пофалби: Кога е тој тука, сѐ е поинаку

Мбапе доби еден куп пофалби: Кога е тој тука, сѐ е поинаку

Килијан Мбапе постигна нов гол во победата на Реал Мадрид над Алавес со 2:1, и на сите веќе им е јасно дека чудесниот Французин е главниот играч на „Кралевите“.

Килијан Мбапе целосно го засенил Винисиус Жуниор. И додека минатата година владееше трка меѓу нив кој е поважен за тимот, оваа сезона Французинот дефинитивно е тој што го носи тимот на своите рамена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Синоќа погоди против Алавес со феноменален гол во победата од 2:1. За шпанските новинари веќе нема никакви дилеми. Реал со него е сосема друг тим.

Новинарот Томас Ронсеро во изјава за Кадена СЕР истакна дека Килијан едноставно е на друго ниво за сите во клубот.

“Мбапе е како газела. Кога тој игра, тоа е поинаков Реал Мадрид”, вели Ронсеро, додавајќи:

“Тој е друго ниво за сите во тимот”, порака е на шпанскиот новинар.

Чудесен е Мбапе оваа сезона. Во 25 настапи има 27 постигнати гола и четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Переc му прекипе по синоќешниот пораз – Понуди 100 милиони евра за „машината“ од Премиер лигата!

Како што пренесува шпанскиот портал “Fichajes”, Реал Мадрид одлучи да се впушт…