
КИЛИЈАН МБАПЕ беше најдобар кога Реал најмногу го бараше неговиот талент. Тој ги постигна сите четири гола во триумфот над Олимпијакос со 4:3 во петтото коло од Лигата на шампионите. Со ова ја заврши кризата во играта и резултатите, како и тренерските недоразбирања во тимот со Чаби Алонсо. Со овие четири гола, Мбапе стигна до учинок од 23 гола и три асистенции во 21 натпревар оваа сезона. Вкупно, за Реал во 77 натпревари, постигна 66 и асистираше осум гола.
По импресивната партија против Олимпијакос, новинар му постави прашање дали Реал зависи од него. Мбапе одговори: “Зависност од Мбапе? Без навреда, но тоа е навистина лошо прашање”, истакна тој. “Секој играч во тимот има своја улога. Мојата е да постигнувам голови. Без придонесот на сите играчи нема победи. Не се занимавам со тоа, тоа е тема што им е интересна на новинарите.”
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Мбапе се осврна и на кризата во Реал: “Мораме да се штитиме себеси, тренерот и стручниот штаб. Сакаме да навивачите осетат дека сме обединети и дека се движиме во истата насока. Бродот може да влезе во бура, но никој нема да скокне од него. Заедно се трудиме да освоиме трофеи оваа сезона.”
🙄”¿’MBAPPEDEPENDENCIA’? ES UNA MALA PREGUNTA”🙄
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) November 27, 2025
💥 El enganchón de Mbappé con un periodista en zona mixta tras su póker en Grecia.
📺 #ChiringuitoMadrid 📺 pic.twitter.com/6tQM57Uico