По завршувањето на паузата за репрезентативни настапи, клупскиот фудбал се враќа, а со него и Лигата на шампионите каде што Реал Мадрид ќе се судри со Арсенал.
Се појавија информации дека Килијан Мбапе би можел да биде суспендиран барем за првиот натпревар поради гест кој се смета за непримерен и го изведе за време на прославата по победата против Атлетико Мадрид.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Двобојот помеѓу Реал и нивниот градски ривал беше решен по изведување на пенали. Во моментот на прославата, Мбапе застана пред навивачите на Атлетико и направи гест кој се смета за непримерен, допирајќи се за гениталниот дел.
Во минатото, УЕФА имала реакции на вакви ситуации, што остава простор за можноста Мбапе да биде суспендиран.
.UEFA should ban Mbappe for 10 games pic.twitter.com/j7D4W6GN3O
— JEY🥇 (@Mmonkoaa) March 28, 2025