Легендарниот Диего Марадона се појави во јавноста со една чудна маска.
На натпреварот помеѓу Гимназија Ла Плата и Сан Лоренцо во аргентинската лига Марадона својот тим го водеше со маска за заштита од коронавирусот. Но поради изгледот на маската се најде во центарот на вниманието.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многумина го исмејуваа на социјалните мрежи, а Марадона реши да се огласи.
„Денес го напуштив мојот дом со оваа маска која ми беше препорачана од доктор. Иста каква што носат и тие. Се соочив со коментари од возрасни луѓе и новинари. Новинарите кои ме критикуваат не се грижат за себе и не се грижат за блиските. Тие им се смеат на луѓет како мене. Би било подобро за нив да ме разберат дека не можат да заработат и да бидат интересни на ваков начин, без почит кон никого“, изјави Марадона.