Манчестер Јунајтед го договори доаѓањето на младиот напаѓач на Аталанта, Амада Диало.
Како што потврди познатиот новинар и експерт за трансфери Фабрицио Романо, Јунајтед со тимот од Бергамо го договорил трансферот на 18 годишниот крилен напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Диало долго чекаше да добие пасош кој го кочеше трансферот кој беше договорен уште на крајот од летниот преоден рок. Проблемите сега се решени и фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска во јануари ќе стане играч на Јунајтед.
Аталанта направи одлична зделка. За 18 годишниот добија 25 милиони евра, а дополнителни 15 милиони би можеле да заработат преку бонуси. Сезонава тој собра два настапи за првиот тим на Аталанта, одигра вкупно 35 минути.