Дома Македонски спорт Maнасков ги демантираше информациите дека се сели во Романија

Maнасков ги демантираше информациите дека се сели во Романија

Oд претходно е познато дека Дејан Манасков нема да продолжи да настапува во Веспрем наредната сезона, утрово се појавија информации од романските медиуми дека македонскиот репрезентативец е пред трансфер во Динамо Букурешт.

Сепак, само неколку часа подоцна Манасков со објава на социјалните мрежи ги демантираше ваквите информации. Манасков како што спомавме откри дека ќе си замине од Веспрем, но не откри каде.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во меѓувреме се поврзуваше со неколку клубови, меѓутоа засега не е ништо потврдено. Во овој период Манасков се опоравува од повредата и се очекува да биде спремен за натпреварите на Веспрем од финишот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…