Дома Македонски спорт Maкедонија пред ЕП ќе одигра два пријателски натпревари против Кувајт

Maкедонија пред ЕП ќе одигра два пријателски натпревари против Кувајт

Maкедонија во јануари ќе го продолжи континуитетот на големата сцена и ќе настапие на Европското првенство, а веќе се планирани контролните средби на кои ќе ја темпираме формата.

Македонскиот национален тим ќе игра две контролни средби со ривал од Азија. Пред крајот на декември ракометарите ќе се соберат во Скопје после што ќе следуваат два дуели со Кувајт.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


И Кувајт се подготвува за голем настан затоаш то им следи Азиското првенство кое ќе се игра во Саудиска Арабија. Али Сафер, голманот на Вардар е нивни член и тој е веќе во нашата земја.

Најавите се дека дуелите може да се играат во Маврово. На Европското првенство ние ќе играме во Дебрецин и во група сме со Словенија, Црна Гора и Данска. Натпреварите од групната фаза ќе ги одиграме од 13. до 17. јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Кирјос се огласи за допинг-скандалот: Најлесно е да се каже „не знаевме“

Aвстралиецот Ник Кирјос не остана без реакција по неодамнешниот допинг скандал со полската…