Дома Македонски спорт Maкедонија до 16 години во ефикасен натпревар поразена од Ирска

Maкедонија до 16 години во ефикасен натпревар поразена од Ирска

Младата репрезентација на Македонија до 16 години беше поразена од Република Ирска со 3:2 во еден интересен натпревар со многу пресврти и отворена игра во рамките на меѓународниот турнир Миљан Миљаниќ во Стара Пазова, Србија.

Во првото полувреме видовме по еден постигнат гол во двете мрежи. Противникот во 23. минута од мечот го отвори резултат. Димитриевски постигна гол за израмнување на резултатот. Пропуштивме уште неколку добри прилики за да постигнеме нов гол.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во продолжението од средбата Македонија прави пресврт и поведува со 2:1. Стрелец е Алији во 65. минута. Во 80. минута пенал за Република Ирска и израмнување на резултатот. Во 89. минута, гол на Република Ирска за нов пресврт и победа со 3:2.

Македонија: Спаско Ахтаров, Андреј Велков, Анес Мелиќи, Даниел Коцев, Максимилиан Димитриевски, Никола Манојлов, Фљакрон Мемиши, Никола Стојковски, Мартин Јовановиќ, Нуман Ајетовиќ, Стефан Младеновски;

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Денот кога Димитар Илиевски Мурато го освои врвот на светот и разговорот кој Македонија никогаш нема да го заборави

На денешен ден, пред 35 години, на 10 мај 1989 година, битолчанецот Димитар Илиевски Мурат…