Македонскиот стратег Влатко Андоновски минатата година стана селекторо на женската репрезентација на САД, селекција која во овој момент е светски шампион.
Андоновски е во посета на Македонија, па таа прилика ја искористи да се сретне со луѓето од ФФМ. Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски му подари дрес од македонската репрезентација на Андоновски.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
“Баш е убаво кога добри работи им се случуваат на луѓе кои се чесни кон својата работа, кои нѐ калкулираат и знаат што сакаат во животот! Влатко е голем господин, честитки! Впечатокот сега е многу поголем“, – порачаа од ФФМ.
