Зимскиот трансфер период наскоро ќе започне и се повеќе активни се шпекулациите, а една интересна сега се однесува на Мауро Икарди кој наводно е подготвен да направи трансфер и да го напушти Галатасарај.
Од летото 2022 година Мауро Икарди е член на Галатасарај, но изгледа дека соработката меѓу двете страни може наскоро да заврши.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Аргентинецот постигна дури 61 гол на 87 натпревари за Галата, и неговото заминување би претставувало голема загуба за клубот.
Но, изгледа дека Мауро Икарди сака нов предизвик во кариерата и враќање во топ пет најдобрите лиги во Европа. Сепак, тој е уште млад, има 31 година.
Претходно играше во Италија за Интер и во Франција за ПСЖ, а сега би можел да дојде во Шпанија.
Според информациите на „Fichajes“, тимот кој е заинтересиран за неговите услуги е Реал Бетис и ќе се обиде да го доведе во своите редови.
Во овој клуб веруваат дека доведувањето на Мауро Икарди би го подигнало нивото на игра, дури и до точка на конкуренција со Реал Мадрид, Атлетико и Барселона.
Проблем може да претставува договорот на Икарди што го има во Галата, кој трае до летото 2026 година.
Затоа, шпанскиот клуб би морал да плати одредена отштета и да најде заеднички јазик со раководството на турскиот гигант.
Платата е исто така еден од потенцијалните проблеми, бидејќи Мауро Икарди има многу високи примања.
Приближно 10 милиони евра Мауро Икарди прима по сезона во Галата, и ако дојде во Бетис, ќе мора да се откаже од еден дел.