Дома Фудбал Мато со два гола во седум минути го „расплака“ Пелистер среде Битола!

Мато со два гола во седум минути го „расплака“ Пелистер среде Битола!

Фудбалерите на Вардар остварија важна победа во дербито против Пелистер во Битола со 1-3.

Пелистер прв дојде до водство со голот на Керим по десет минути игра кога погоди по една одлична акција на домаќините.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Водството на домашниот состав на траеше долго бидејќи Вардар преку Закариќ во 20-тата минута од пенал израмни на 1-1. Пеналот предизвика бурни реакции кај домашните фудбалери кои жестоко реагираа сметајќи дека се оштетени.

Со по еден гол на двете страни се замина и на паузата.

Во вториот дел Вардар беше поконкретен, а херој на црвените беше напаѓачот Мато кој постигна два гола во 75. и 82. минута за триумф на Вардар.

На табелата Вардар и по овие три бода ќе остане осми со 25, но сега зад Пелистер заостанува четири бода.

Преостанатите натпревари од ова 25. коло се играат во поенделник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тетоважа што ќе го расплаче целиот свет: Диого Жота не е заборавен (Видео)

За жал, Диого Жота повеќе не е меѓу нас, но очигледно е дека тој нема да биде заборавен. П…