
Пет години мина Немања Матиќ во Манчестер јунајтед и во тоа време имаше дури четири тренери.
Го донесе Мурињо, добро е познато дека португалскиот стратег го обожава српскиот фудбалер и дека со него како задњи играч среде поле во Челси постигна најголеми успеси во кариерата, а по него се редеа Оле Гунар Солскјер, Мајкл Керик и Ралф Рангник.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во разговор за “Fourfourtwo”, Немања Матиќ изјави дека Солскјер можеби требаше да остане подолго.
„Завршивме како втори и како трети со него. Се сеќавам дека атмосферата беше таква што никој не беше задоволен со второто место. Од оваа перспектива, направивме одлични нешта.
Мислам дека Оле заслужи повеќе време. Не мислам само на него, туку и на неговите помошници, Керик и Мекена. Тие беа на прав пат да го вратат Јунајтед на вистинскиот пат”, рече Матиќ.