
Интер ја совлада Барселона и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите. По натпреварот, Лаутаро Мартинез ја отвори душата и призна дека плачел два дена пред натпреварот со Барселона.
По 3:3 во првиот натпревар, Интер вчера по продолженија на домашен терен славеше против Барселона со 4:3 и со вкупно 7:6 помина во финалето на Лигата на шампионите.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Неизвесно беше дали Лаутаро Мартинез ќе игра во реваншот поради повреда во првиот натпревар, се очекуваше во најдобар случај да почне на клупа, а потоа успеа да заигра од почеток.
Покрај тоа, постигна водечки гол за Интер кој на италијанскиот клуб му ги отвори вратите за пласман во финалето на елитното натпреварување.
Исто така, изнуди пенал кој Хакан Чалханоглу го претвори во 2:0 откако го собори Пау Кубарси во казнениот простор на Барселона.
„Чувствував трнење во ногата и, верувајте ми, првите два дена само седев дома и плачев, но одлично соработувавме со персоналот и успеав да се опоравам, дури и ако не бев 100 проценти подготвен“, изјави Лаутаро Мартинез за „Sky Sport Italia“.
Фото: Принтскрин