![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot-2025-02-11-130220-850x491.jpg)
Легендарниот Бразилец Марсело стави крај на блескавата кариера три месеци пред неговиот 37. роденден. Легендата на Реал, со кого освои 25 трофеи во 15 години, неговиот последен ангажман го имаше во матичниот Флуминенсе и со него го освои Копа Либертадорес. Но, Марсело пред сè е симбол на Реал, за кој од 2007 до 2022 одигра 546 натпревари и беше првиот капитен странец по 1904 година.
Марсело со Реал освои сè, а меѓу трофеите се издвојуваат пет Лиги на шампиони и шест шпански титули. Капитенската лента по него ја носеше и во бројот на трофеи го престигна неговиот голем пријател Лука Модриќ. По повод пензионирањето, Марсело го спомена својот поранешен соиграч и во интервју за El Hormiguero:
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
“Секогаш играв со многу добри играчи. За мене најдобар беше Роналдињо со кого играв во репрезентацијата, но многу ме восхити Иско. Тој кажа ‘никому нема да му ја дадам топката на тренинг‘ и навистина беше така. Тони Кроос и Лука Модриќ исто беа неверојатни, но Иско секогаш знаеше да ме изненади.”
На крајот откри дека не се гледа како тренер, а за својата кариера заклучи: “Во фудбалот постигнав сè што посакував. Немав сериозни повреди, играв за најдобриот клуб на светот, но доаѓа време кога треба да бараш различни работи и нови предизвици.”
Роналдињо за Бразил од 1999 до 2013 одигра 97 натпревари и постигна 33 гола. Со репрезентацијата ја освои Копа Америка 1999, а Светското првенство три години подоцна. Се пензионира во 2015 како играч на Флуминенсе, а играше уште за Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро и Керетаро. Во Барселона го носеше бројот десет, а во 2006 беше прогласен за Златна топка.