
Манчестер Сити објави дека го потпиша договор со Марк Гуехи (25) од Кристал Палас. Англискиот репрезентативец се обврза на соработка од пет и пол години, кој ќе го задржи во клубот до летото 2031 година. Се верува дека Сити плати 27 милиони евра за него, а го добија по пониска цена бидејќи договорот со Палас му истекуваше на крајот од сезоната.
Гуехи е второто засилување за клубот во јануарскиот трансфер период, по пристигнувањето на крилниот играч Антоан Семењо од Борнмут. Како дефанзивец, Гуехи се афирмираше како еден од најперспективните млади централен браничи во Премиер лигата. Тој доаѓа во Сити како замена за Јошко Гвардиол, кој се повреди.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Гуехи се придружува на Етихад по четири и пол сезони во Кристал Палас, за кој одигра 188 натпревари на сите натпреварувања, постигнувајќи 11 голови и осум асистенции. Во репрезентацијата на Англија има 26 настапи.
„Навистина сум среќен и неверојатно горд што сум играч на Манчестер Сити. Овој потег е кулминација на напорната работа што ја вложив во мојата кариера. Сега сум во најдобриот клуб во Англија и дел од неверојатен тим играчи. Добро е чувството да го кажам тоа“, изјави Гуехи при претставувањето.
„Сакам да растам како играч и како личност и знам дека тоа ќе се случи во овој клуб. Обожавам фудбал – ми даде многу работи толку долго време – и можноста да го продолжам мојот развој во Манчестер Сити е навистина специјален момент за мене и моето семејство“, додаде тој. „Едвај чекам да започнам. Сакам да се запознаам со моите соиграчи, напорно да тренирам, да го разберам тоа што менаџерот го очекува од мене и потоа да покажам на навивачите на Сити што можам.“