Се спомнуваше напаѓачот на австриската репрезентација Марко Арнаутовиќ како потенцијално засилување за Црвена звезда минатото лето, но искусниот напаѓач остана дел од Интер од Милано.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Има сосема добра сезона 35-годишникот роден во Виена, толку добра што денес се појави информација дека го посакува Бајерн од Минхен.
Според пишувањата на германскиот “Спорт 1”, Баварците бараат централен напаѓач кој би бил резерва на неприкосновениот Хари Кејн, а изборот падна на Арнаутовиќ, кому на лето му истекува договорот со Интер, па би стигнал на “Алијанц арена” како слободен играч.
Интересно, токму Бајерн ќе биде противник на Интер во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Арнаутовиќ оваа сезона главно влегува во игра од клупата. Има одиграно 19 натпревари и постигнато пет голови.