
Во моментов лидерот во Мото ГП шампионатот по четири одвозени трки во 2025 година, Маркез доживеа препородување на патеката.
Победи на седум од осум трки и се врати меѓу елитата, возејќи го Дукати на Гресини.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Меѓутоа, патот до таму водеше преку раскинување на најголемиот договор во спортот – тој со Хонда.
Освен тоа, мораше да ја прекине соработката и со долгогодишните спонзори како Ред Бул и Репсол.
Според шпекулациите, одбил понуда од Хонда која се движела во деветцифрен износ.
„Тоа беше огромна одговорност и супер тешка одлука,” рече Маркез.
“Повеќе од парите, иако за 98% од луѓето – парите се важни…”
Го потсетија колку заработил преку кариерата со Хонда.
„Да, но парите се секогаш важни. Имаш доволно? Да. Сакаш повеќе? Да. Тоа беше тешко“, призна тој.
Но, како што вели, уште потешки беа емоциите.
„Најтешки беа врските кои ги изградив. Сакав да останам лојален на луѓето кои ми ја дадоа кариерата“, посочи возачот.
Фото: Принтскрин