
Хаотичното финале од Африканското првенство стана главна тема на светската спортска јавност. Во својот текст, весникот Марка пишува со наслов “22 минути од најголемата срамота во историјата на современиот фудбал”, а дописникот од Рабат наведува:
“Во текот на 31 година во Марка сведочев на секакви спортски настани, но ова што го видов во финалето е најголемиот срам во историјата на модерниот фудбал. Нешто невидено, што ќе остане запишано во хрониките на целосна конфузија.
Дописникот на Марка: Имав следено сè, ама ова финале…
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
92. минута: Поништен гол на Сенегал. Судијата го сторил тоа затоа што Секк малку фаулираше Хакими. Имаше контакт, но ова е многу контроверзна одлука, особено за втората минута од продолжението на финалето.
95.-98. минута: Пенал за Мароко. По корнерот Сар малку го повлече Брахим. Не беше сериозно, но конгоанскиот судија кој водеше натпреварот навистина строго досуди пенал. Потоа три минути ја анализираше ситуацијата на снимката, по што остана на својата одлука.
98. минута: Сенегал демонстративно го напушта теренот. Тренерот Папе Тиау им нареди на своите играчи да го напуштат теренот поради пеналот за Мароко. Садио Мане, капитенот на Сенегал, остана на теренот за време на прекинот и ги увери соиграчите, за да се вратат 15 минути подоцна. Истовремено, на трибините се одвиваше жестока пресметка меѓу навивачите на Сенегал и мароканските полициски сили, при што се користеа столици и палки. Страшни сцени.
114. минута: Брахим Диаз го промаши пеналот што требаше да го донесе победниот удар за Мароко, и тоа со удар паненка. Неговиот удар лесно го одбрани сенегалскиот голман Едуар Менди.