
Фудбалерите на Реал Мадрид и Ал-Хилал ја отворија групата Х на Светското клупско првенство со меѓусебен натпревар кој заврши нерешено 1:1. Реал поведе во 34. минута после одлична тимска акција и гол на Гонзало Гарсија, но Саудијците изедначија седум минути подоцна, откако Рубен Невес прецизно изведе пенал.
Реал имаше можност повторно да поведе во 92. минута преку пенал кој го изведе Федерико Валверде, но оној удар го заустави Боно.
“Не треба да се носат големи заклучоци”
Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Реал претрпе неуспех уште во првиот натпревар, што предизвика сомнежи околу тоа каков ќе биде новиот Реал. Марка го посвети текстот на оваа тема: “Чаби Алонсо е фудбалски тренер, а не магионичар. Натпреварот што неговиот тим го одигра не е за донесување големи заклучоци, туку за забележување на детали.
Не може Реал да стане машина за победи само по четири тренинзи, независно од тоа колку е добар новиот тренер. Затоа, навивачите на Реал, смирете се и бидете трпеливи. И да, дури и ако го освојат Светското клупско првенство… Тоа е Реал Мадрид, се разбира, но во моментот има подобри тимови на светот.
Веќе првиот натпревар во ерата на Чаби покажа важен принцип: ако недостасува некој, влегува играчот на неговата позиција, без оглед на името. Мбапе не беше дел од составот, а наместо него играше Гонзало, нешто што тешко можеше да се замисли под водство на Анчелоти. Младиот играч постигна гол, покажувајќи дека не е само голгетер, туку напаѓач со многу предности во играта. Дадете му перална, тој ќе ја стави во мрежата.”