Ангажманот на Енди Мареј како тренер на Новак Ѓоковиќ не престанува да ја интригира јавноста со денови, а последен на оваа тема се огласи Жил Сервара, тренерот на Данил Медведев.
Тренерот на тенисерот кој сезонава ја заврши на петтото место, истакна дека не го изненадува тоа што Мареј веднаш по пензионирањето се фатил за тренерска работа, но дека во овој момент тој не поседува доволно знаење во тој сегмент.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Очекував таков потег од Мареј, не сум изненаден. Знаев дека не може да остане спокоен повеќе од два-три месеци по пензија. Но, тој не поседува тоа што го нарекуваме тренерска методологија. Енди не знае ништо за тренерската работа, што значи дека ќе мора да учи во текот на работата. А тоа не е причината зошто Новак одлучи да работи со него“, рече овој тренеротза францускиот „Л’Екип“.