Дома Фудбал Мареска за новиот херој на Челси: Токму затоа играше од почетокот!

Мареска за новиот херој на Челси: Токму затоа играше од почетокот!

Челси го обезбеди своето место во финалето на Светското клупско првенство благодарение на новото засилување, Жоао Педро. Бразилскиот напаѓач пред само една недела пристигна кај „сините“ од Брајтон, а синоќешниот натпревар му донесе победа против неговиот поранешен клуб, Флуминенсе.

Во полуфиналето, Челси славеше со 2:0, благодарение на двата гола на Жоао Педро.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Енцо Мареска, менаџерот на Челси, изрази задоволство од настапот на својот нов играч.

“Бевме свесни за неговиот квалитет, особено против тимови кои играат со длабока одбрана. Затоа и започна од стартот, а и дојде од одмор, па имаше повеќе енергија. Го знаев веќе од претходно. Бразилците се често познати по тоа што играат насмеано и уживаат во фудбалот”, изјави Мадрелка.

Само за влез во финалето, лондонскиот клуб заработи 25 милиони, а ако го освои натпреварувањето, ќе добие уште 40.

“Челси ги заработува тие средства, не јас. Се подготвувам за натпреварите на ист начин и парите не ми се важни. За жал, ние нема да добиеме дел од тие средства”, додаде Италијанецот.

Челси сега има шанса да освои уште еден трофеј, откако на крајот од мај беше најдобар и во Конференциската лига.

“Многу сме среќни и горди што ќе играме во финалето во недела. Ова е првата сезона од новиот формат на Светското клупско првенство со најдобрите екипи, а ние сме во финалето. Освен тоа, обезбедивме место во Лигата на шампионите, ја освоивме Конференциската лига, овие се сите извонредни достигнувања на исклучителна сезона”, нагласи тренерот на Челси.

Тој уште еднаш се осврна на тешките временски услови кои преовладуваат за време на турнирот.

“Условите беа навистина тешки, но се трудевме да се прилагодиме кон нив. Флуминенсе имаше еден месец пауза на почетокот на годината, а ние последно пред една година. Тоа беше забележливо на енергијата кога игравме со бразилските тимови”, заклучи италијанскиот тренер.

Челси ќе игра за трофејот против победникот од дуелот помеѓу Пари Сен Жермен и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важна измена во европските клупски турнири

Дебитната сезона на Лигата на шампиони, Лига Европа и Лига на конференции во нивните нови …