
Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ ја прекинаа соработката пред околу 2,5 месеци, но деталите сè уште излегуваат на површина. Единствениот двократен олимписки шампион во тенис откри во интервју за „Тениски ментор“ уште некои моменти од работата со најдобриот тенисер на сите времиња.
– Кога работите со ас од негово ниво, јасно е дека се гледаат вашите доблести, но и слабости како тренер – истакна Британецот. – Понекогаш Ѓоковиќ бараше технички совети, а јас не се снаоѓав најдобро во такви ситуации.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
За Мари веројатно нема тајни во техниката, но понекогаш за неискусните тренери е проблем како да го пренесат своето знаење на својот ученик. Тоа бара многу искуство.
– Мислам дека тренерите кои работат со млади играчи се поквалитетни од многу тренери на Турот по ова прашање – објаснува поранешниот број 1. – Бидејќи, кога тенисерот има 20 или 22 години, повеќе не се обидувате да ја промените неговата игра и техника. Тогаш работите на некои ситници. Затоа, ако повторно работам како тренер, ќе морам многу да научам на таа тема. Ќе морам тоа да го научам од некој кој е многу добар во тоа.
Ако кариерата како тренер ја започна неочекувано брзо, само неколку месеци по пензионирањето, и тоа со рекордерот во бројот на гренслем титули, Мари сега планира поинаку.
– Веројатно во иднина ќе работам со некој млад тенисер и ќе се обидам да влијаам на него од раните години. Ќе се обидам да помогнам на британските играчи, ако сакаат.
Фото: Принтскрин