Манчестер Јунајтед е во потрага по засилувања кои би можеле да го извлечат клубот од проблеми. Рубен Аморим ќе добие доволно време да состави тим кој треба да излезе од сивилото, а веќе во јануари на Олд Трафорд би можеле да дојдат вистински машини – Виктор Осимен и Виктор Ѓокереш.
Манчестер Јунајтед планира да оддели огромни средства за засилувања. Веќе овој јануари на Олд Трафорд би можеле да пристигнат некои познати имиња, пред сè во аспект на нападот.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Црвените ѓаволи се подготвени да издвојат 150 милиони евра за двајца играчи, а дресот на гигантите од Театарот на соништата би можеле да го облечат Виктор Осимен и Виктор Ѓокереш.
Нигериецот Осимен во моментов е на позајмица во Галатасарај. Таму игра навистина феноменален фудбал, постигна 12 гола во 15 настапи и повторно го привлече вниманието кон себе.
Со него во нападот би можел да игра уште еден Виктор. Швеѓанецот Ѓокереш од Спортинг игра чудесен фудбал и се најавува голем трансфер.